NBA-Целосна доминација на Леброн Џејмс (ВИДЕО)

1202

Леброн Џејмс уште еднаш докажа за каква величина станува збор.

На синоќешниот дуел против Голден Стејт Вориорс “кралот” пружи претстава за паметење. Постигна неверојатни 56 поени (со речиси 60% реализација на шутевите од поле) + 10 скокови и сам ги победи “воините”. Конечни 124-116 на натпревар на кој Џејмс целосно издоминира. За потсетување, човекот има полни 37 години.Леброн стана само четвртиот играч во историјата на NBA кој на 37 годишна возраст постигнал над 50 поени. Пред него ова го сторија само Мајкл Џордан, Коби Брајант и Џемал Крофорд. Во оваа тешка сезона за тимот од “Ел-Еј” нивниот лидер е единствената светла точка. “Лејкерси” се мачат целото првенство и се обидуваат да изборат пласман во плејофот. Во моментов се наоѓаат на деветата позиција во западот со 28 победи и 35 порази.

NBA FAN

Димитар Младеновски