NBA-Чикаго е повторно лидер (ВИДЕО)

1446

По синоќешниот триумф над Њу Јорк Никс, Чикаго е повторно на врвот на Источната конференција.Динамичниот бековски тандем на “биковите” постигна вкупно 52 поени, и повторно беше клучен фактор за успехот на својот тим. Демар Дерозан (кој годинава игра во животна форма) беше прв стрелец со 31 поен, следен од Зек Лавин со 21 постигнат поен. На крајот, тоа резултираше со триумф од 109-103.

Фановите во “Јунајтед” центарот, уште еднаш имаа шанса да го видат својот миленик, Дерик Роус. Со самото негово појавување на теренот, го пречекаа со овации.

Њу Јорк е предводен од искусниот стратег, Том Тибодо, кој беше прогласен за најдобар тренер во лигата, (2011 година) токму како главен стратег на “биковите”. Лани повторно ја освои таа престижна награда. Уште еден ветеран, Таџ Гибсон, годинава го носи дресот на “никси” а беше член на тимот од “ветровитиот град”.

Борбата за врвот на Истокот, годинава, е исклучително интересна. Чикаго е израмнет со Брулин во бројот на победи и порази, со скор 12-5. Во моментов токму “биковите” го завземаат првото место на табелата. Веднаш зад нив се наоѓа едно од најпријатните изненадувања сезонава, тимот на Вашингтон Визардс, со скор од 11-5.

NBA FAN

Димитар Младеновски