NBA-Драма во Лос Анџелес (ВИДЕО)

685

Само што заврши најинтересниот натпреварот од синоќешната NBA програма.

Лос Анџелес Лејкерс го пречека Далас Маверикс.
Гостите од Тексас го имаа водството во првото полувреме, но потоа домаќините се вратија во игра. Натпреварот беше неизвесен до самиот крај а регуларните 48 минути не беа доволни да се реши победникот.

По две продолженија, “Мавси” заслужено славеа со 119:115.
Лука Дончич повторно имаше одлична партија реализирајќи “трипл-дабл” со 35 поени, 14 скокови и 13 асистенци. Исклучително корисно изиграа Кристијан Вуд (24 поени) и Спенсер Динуиди (17 поени) кој беа клучни со својата игра во дополнителните минути. Тим Хардавеј имаше солидна шутерска ноќ со 22 реализирани поени.
Кај “Лејкерси”, Расел Вестбрук беше прв стрелец со 28 поени, Леброн Џејмс постигна 24 поени и 16 скокови, но не го служеше шутот за три поени (0-6).

Со новата победа, Далас се наоѓа на четвртата позиција во Западната конференција со скор 24-19.

NBA FAN
Димитар Младеновски