NBA-Дуел за врвот помеѓу двата најдобри тимови (ВИДЕО)

858

Возбудлива ноќ во NBA. Најинтересниот меч се одржа во Аризона, каде се соочија двата најдобри тимови сезонава.Феникс Санс го пречека Голден Стејт Вориорс во двобој за првото место во лигата. Домаќините беа во обид да го израмнат тимскиот рекорд од 17 победи по ред. Првото полувреме беше исклучително израмнето. На половина од втората четвртина “воините” стигнаа до своето највисоко од водство од +9 (48-39). Набрзо селдуваше серија на спротивната страна за ново израмнување. “Сонцата” останаа без својот прв стрелец, Девин Букер, по само 15 минути во игра. Тоа не ги спречи да покажат дека ланскиот пласман во големото финале, не е нималку случаен.Во второто полувреме, брзата игра на Феникс носи предност од +8 (69-61). Следуваат поени на Гери Пејтон II и Ендрју Вигинс, за враќање на неизвесност. Стеф Кари имаше (ретко) лоша ноќ а одбраната на домаќините целосно беа насочени да го неутрализираат најдобриот шутер на сите времиња. Диандре Ејтон, со подеднаков импакт на двата краја од теренот, го чува ситното водство пред последниот период.Последната четвртина беше доказ за непроценливата вредност (и искуство) на “генералот” Крис Пол. “Си-Пи 3” го диктираше темпото, Џеј Краудер погоди две важни тројки кога се “кршеше” резултатот.

Феникс го затвори мечот со серија од 12-2 со кој (апсолутно заслужено) стигна то првата позиција во NBA. Прв стрелец на домаќините беше центарот Диандре Ејтон со 24 поени (+11 скокови) следен од Крис Пол кој реализираше 15 поени и 11 асистенции. На спротивната страна, Џордан Пул беше најпрецизен на мечот со 28 поени, сепак премалку за да се неутрализираат (ниските) 12 кој ги постигна Стеф Кари.

Новиот триумф за “сонцата” значеше израмнување на тимскиот рекорд од 17 победи по ред. Ова достигнување го остварија во сезоната 2006-2007. Со оваа победа, тимот од Аризона го комплетираше месец Ноември, без ниеден пораз. Со идентичен скор од 18-3, Феникс се наоѓа на првото место, а тимот од Оукленд на втората позиција во NBA.

NBA FAN

Димитар Младеновски