NBA-Фаворитите елиминирани (ВИДЕО)

766

По поразот на Бруклин од страна на Милвоки пред нешто повеќе од еден ден, уште еден фаворит падна на домашен терен. Првопласираната Филаделфија е елиминирана од Атланта во решавачкиот седми меч.

“Јастребите” предводени од својот сјајен шутер Треј Јанг и надежниот бек Кевин Хуртер го потопија тимот од Пенсилванија. Јанг имаше дабл-дабл учинок од 21 поен и 10 асистенции додекa Хуртер постигна 27 поени (со одличен процент на шут од поле со над 60%). Атланта со овој триумф се пласира во Источното финале каде ке игра против Милвоки. За Филаделфија следува тежок летен период со многу неизвесности.

NBA FAN

Димитар Младеновски