NBA-Гризли мечките агресивно во Калифорнија (ВИДЕО)

989

Најинтересниот натпревар од NBA програмата синоќа, се случи во “Чејс” центарот во Сан Франциско, каде непоразениот Голден Стејт Вориорс го угости младиот и талентиран тим на Мемфис Гризлис.

Регуларните 48 минути игра не беа доволни за да се реши победникот. По фуриозниот кам-бек на “гризли мечките” мечот влезе во продолжение каде Мемфис уште еднаш покажа дека е исклучително незгоден противник за секого. Домаќините водеа со 12 поени предност во третата четвртина, но сјајното издание на Џа Морент го врати Мемфис во игра. Морент постигна 18 поени во третиот период од мечот. Во последната четвртина се играше “кош за кош” а на нецели две секунди до крајот, Стеф Кари имаше шанса да погоди победнички шут од преку девет метри кој беше неуспешен. Регуларниот дел заврши со резултат 98-98.

Во дополнителните 5 минути, Морент продложува со импресивна игра и носи водство од три поени за гостите. Бекот на “воините” Демион Ли имаше шанса да го израмни резултатот но неговиот обид излезе од обрачот. Конечни 104-101 за Мемфис и прв пораз на Голден Стејт ова првенство. Џа Морент беше прв стрелец кај победникот со 30 постигнати поени, следен од Дезмонд Бејн со 19. На спротивната страна Стеф Кари беше лидер на “воините” со 36 поени и 8 асистенциии.

NBA FAN

Димитар Младеновски