“Италијанецот” е прв пик на годинешниот NBA драфт.
Рано утрово, американскиот кошаркар со италијански пасош Паоло Банкеро, (според многумина) неочекувано беше избран за прв пик на годинешниот драфт во Бруклин. Орландо Меџик го избра 19-годишниот крилен центар и изненади многумина. Банкеро е висок 208 сантиметри и поседува ретка сестраност. Минатата сезона во дресот на универзитетот Дјук имаше просек од 17,2 поени, 7,8 скока и 3,2 асистенции.
Банкеро е роден во САД, а само два часа пред почетокот на драфтот потврди дека од следното лето ќе го носи дресот на италијанската репрезентација. Неговата мајка Ронда Смит Банкеро е поранешна кошаркарка, но е Италијанец од страната на неговиот татко – Марио.
Оклахома Сити Тандер од втората позиција го избра поранешниот студент на Гонзага, младинскиот репрезентативец Чет Холграм. Хјустон Рокетс од третата позиција го “улови” Џабари Смит од универзитетот Обурн, играчот кој најголемиот дел од кошаркарската јавност очекуваше да го види како премиерен – прв избор на драфтот.
Димитар Младеновски