Од вчерашната NBA програма го издвојуваме дуелот помеѓу Бруклин Нетс и Милвоки Бакс.“Мрежичките” ги пречекаа “елените” во дуел помеѓу најдобропласираните тимови на Истокот. Ланскиот шампион ја потврди улогата на фаворит победувајќи со 121-109. Најкорисниот играч (во два наврати) Јанис Антетокумпо беше лидер на гостите со 31 постигнат поен и 9 асистенции. Помош дојде од Боби Портис кој постигна 25 поени и од вториот All-Star во составот, Крис Миделтон со 20 поени. Милвоки имаше шест играчи со двоцифрен број на поени.
Со новата победа, Милвоки сеуште се наоѓа на третата позиција (26-15), веднаш зад Бруклин (24-13). Лидер на Истокот е Чикаго кој има импресивна серија од девет победи по ред (26-10).
NBA FAN
Димитар Младеновски