Бруклин поведе во серијата со Бостон со 3-1 во победи по синоќешниот триумф во “Ти-Ди Гарден” со конечни 141-126. На “нетси” им недостасува само уште една победа за понатамошен пласман.Клучни за победата беа Кевин Дурент (42 поени), Кајри Ирвин (39 поени) и Џејмс Харден кој постигна 23 поени и 18 асистенции. Сепак мечот остана во втор план бидејќи на самиот крај Ирвинг пријде на средина од игралиштето (видливо) газејќи го логото на својот поранешен тим. Ова створи тензија кај навивачите на домаќините при што на излегвањето од теренот Ирвинг беше гаѓан со шишиња вода.
NBA FAN
Димитар Младеновски