NBA-Канадската поентерска машина (ВИДЕО)

708

Шеј Гилгес-Александер е вистински хит годинава.

24 годишниот бек на Оклахома Сити Тандер, во моментов е најсериозен кандидат за освојување на наградата “MIP” – “Играч со најголем напредок во една сезона”. Во својата четврта професионална сезона, Шеј поседува зрела игра која е атипична за неговите години.

Во првите 13 напревари во тековното првенство, “SGA” постигнува просечни 31.5 поени и речиси 6 асистенции по натпревар. Моментално е на делба на четвртото место по бројот на постигнати поени во просек по натпревар.
Канадскиот репрезентативец е главната (и можеби единствената) причина што младиот тим на Оклахома не се наоѓа на дното од табелата во Западот, туку е близу 50% успех.

Ви го претставуваме најдоброто од гордоста на Торонро (Онтарио).
Уживајте….

NBA FAN
Димитар Младеновски