NBA-“КЕТ” со рекорд на Минесота (ВИДЕО)

873

Младиот центар на Минесота, Карл Ентони Таунс во синоќешниот меч имаше историско достигнување.

На гостувањето во Сан Антонио, “КЕТ” постигна 60 поени што претставува нов тимски рекорд на тимот од Минеаполис. “Волците” победија со 149:139. Таунс со ова поентерското издание стана лидер во годинашното првенство а воедно ова е и негов личен рекорд. По пауза од 22 години за прв пат центар постигнува 60 поени. Последен пат тоа го стори Шекил О’Нил кој во 2000-та им уфрли идентични 60 поени на Лос Анџелес Клиперс.

Минесота стигна до својот 40 триумф и се наоѓа на седмата позиција во западната конференција.

NBA FAN

Димитар Младеновски