NBA-Клеј Томсон заигра по речиси 3 години пауза (ВИДЕО)

642

По повеќе од две и пол години отсуство, на теренот конечно се врати Клеј Томсон.Сјајниот шутер конечно стапна на теренот по огромната пауза поради две тешки повреди. Томсон најпрво го повреди левото колено за време на шестата средба од финалето 2019. Откако помина цела година во рехабилитација, во Ноември 2020 ја скина ахиловата тетива и следуваше уште една долга пауза. Синоќешниот меч за Томсон беше прв по пауза од дури 941 ден, што звучи неверојатно.

Голден Стејт го пречека Кливленд Кавалирс на свој терен. На задоволство на навивачите, Клеј триумфално се врати на паркетот. Беше пречекан со овации и во првиот меч по долгата пауза имаше солидно издание. Започна во стартната петорка и за 20 минути игра постигна 17 поени. “Воините” победија со 96:82, а прв стрелец во составот (очекувано) беше Стеф Кари со 28 постигнати поени.

NBA FAN

Димитар Младеновски