NBA-Тејтум ги одржа Селтикси во игра (ВИДЕО)

1119

Екипата на Бостон синоќа триумфираше против Мајами со конечни 121:108. На тој начин намали (во вкупниот скор победи) на 3:2 во финалната серија од Источната конференција во NBA лигата.Клучен за овј триумф на Селтикс беше Џејсон Тејтум кој постигна 33 поени, од кои дури 17 во третата четвртина која се покажа како најважна на оваа средба. Поточно, “келтите” направија серија од 20:3 од што Мајами потоа не можеше да се опорави. Почетокот на второто полувреме беше пресудно за пресвртот на натпреварот. Џејлен Браун се надоврза на одличната игра на својот соиграч со 28 постигнати поени.Кај тимот од Флорида беше видиливо разочарувањето по крајот на натпреварот. Нивниот Аll Star центар, Бем Адебајо, ја превзема одговорноста за поразот. Иако настапи повреден (од претходниот меч кога го дизлоцира скочниот зглоб) тоа не го сметаше за оправдување на колапсот на својот тим. Освен Горан Драгич кој одигра на висината на задачата постигнувајќи 23 поени, остатокот од составот на “жешките” како да исчезнаа во вториот дел од мечот.

NBA FAN

Димитар Младеновски