Натпреварот помеѓу Los Angeles Lakers и New York Knicks ни носи лоши вести. Крајниот резултат, за жал, остана во втор план. Во огромната победа на Lakers-и со 117-87 над Knicks-и, навивачите во Staples Centar-от останаа во шок по страшниот пад на нивната суперѕвезда. На помалку на 3 минути до крајот на третата четвртина, A.D. во обид да го изблокира Julius Randle, изгуби контрола и во лет силно приземји директно на паркетот. На прв поглед овој “лет” изгледаше ужасно.
Сите сиграчи се собраа да му помогнат на центарот, а за среќа на сите фанови, Davis успеа да стане и со свои последни сили да се упати кон соблекувалната. Првичните информации кој доаѓаат од С.А.Д. на радост на кошаркарските фанови, не се толку црни. “The Brow” нема скршеница ниту пак некое посериозно оштетување од страшниот пад. Ке паузира минумим 14 дена а потоа ке се види дали би имало потреба за дополнителен одмор. Ова е прав момент, крилото на “езерџиите” Kyle Kuzma, да покаже дека може да се носи со улогата на втор стрелец во тимот. Името на Kuzma деновиве се почесто се споменува во евентуални “trade” планови, па сега ке добие можност да докаже дека слабиот старт на сезоната е минато. Доколку “Кuz” го поправи досегашниот впечаток, тогаш ке се намали можноста веќе за еден месец од сега, да го гледаме во друг дрес.