NBA колумна на Димитар Младеновски – Anthony Davis со историски перформанс (ВИДЕО)

707

Anthony Davis беше најзаслужен за третата сезонска победа на својот нов тим, Los Angele Lakers. “The Brow” постигна 40 поени, имаше и 20 скока и ги предводеше Lakers-и до триумфот од 120-91 над Memphis Grizzlies. За „гризли мечките“ ова е прв пораз од почетокот на сезоната. А.D. влезе во историјата на „езерџиите“ со тоа што стана играчот кој дошол до 40 поени и 20 скока за најкраток рок во златно/пурпурниот дрес. Нему тоа му успеа во само три четвртини.

Davis го урна рекордот стар 58 години кој му припаѓаше на легендарното крило на Lakers, Elgin Baylor. Тој дојде во ефектот 40/20 за 33 минути,a на Davis тоа му успеа за нешто помалку од 31 минути поминати на теренот. Последен кој имал ваков биланс (40 поени + 20 скокови) беше Shaquille O’Neal во 2003 година. LeBron James мечот го заврши со 23 поени, додека кај Memphis најдобар стрелец беше Литванскиот центар, Jonas Valanciunas со 14 постигнати поени. Lakers-и имаат уште една причина за радост. По успешната победничка серија набрзо во тимот се приклучува нивното стартно крило, ултра талентираниот Кyle Kuzma. “Куз” се очекува да дебитира веќе во следниот меч, за 2 дена кога Lakers-и гостуваат на изненадувачки силниот (сезонава) Dallas Mavericks.