На инсистирање на голем број кошаркарски сладокусци, се повеќе ќе постираме ретро NBA колумни. Денес го издвојуваме дуелот помеѓу Чикаго и Далас од 1998-ма година.
На денешен ден, пред повеќе од две декади, шампионот беше непријатно изненаден од младиот тим на Далас Маверикс. Преполната “Рејунион арена” (речиси 19.000 гледачи) се радуваше на победата на своите миленици, конечни 104-97. Мајкл Џордан постигна 26 поени и имаше 7 скокови, недовлно за триумф.
“Мавси” ги предводеше (родумот од Чикаго) Мајкл Финли со 32 поени. Неговиот бековски партнер, Седрик Себалос го следеше во чекор со 25 поени и одличен процент на шут од поле (над 60% успешност).
Ова беше еден од 20-те порази на Чикаго во сезоната 1997/1998 кога остварија 62 победи. Само два месеци подоцна стартуваше плеј-офот каде шампионите ја покажаа сета своја моќ, доминирајќи до крајот и стигнувајќи до клучната цел – освојување на NBA шампионатот. Истата година ја освоија 6-тата титула во клупската историја. Ова беше последната сезона во која Чикаго беше предводен од најголемиот играч на сите времиња.
Уживајте во најубавите моменти од најдобрите поентери на “Мавси” на големиот дуел против шампионот.
NBA FAN
Димитар Младеновски
NBA колумна на Димитар Младеновски-Легендарниот дуел во големото јаболко (ВИДЕО)