Фантастичниот Бруклин продолжува да реди победи. Изминатата вечер славеше на свој терен против тимот на Бостон Селтикс со убедливи 121-109. Кајри Ирвинг имаше блескава ноќ против своите поранешни соиграчи.Сјајниот бек го предводеше својот тим со 40 постигнати поени и 8 скокови. Во чекор го следеше бековскиот партнер, Џејмс Харден со 22 поени, 10 скока и 8 асистенции. Бруклин Нетс веќе некое време е без својот најдобар играч, Кевин Дурент кој поради повреда ке паузира уште одреден период. Новоангажираното крило (поранешниот All-Star) Блејк Грифин сеуште го чека дебито за својот нов тим.Кај гостите единствено на висината на задачата беше Џејсон Тејтум кој постигна 31 поен. Во првиот меч по подолга пауза, Маркус Смарт беше втор стрелец кај “селтикси” со 19 постигнати поени во лимитирана минутажа. Бековскиот тандем сочинет од Џејлен Браун и Кемба Вокер затаи во нападот, постигнувајќи (само) 24 поени комбинирано.
Со најновата победа, “мрежичките” се на второтo место во Источната конференција (со скор 25-13) со идентичен број на победи и само еден пораз повеќе од водечката Филаделфија. Бруклин има само еден претрпен пораз во последните 13 натпревари. Од друга страна, и покрај променливата игра во текот на целото првенство, Бостон Селтикс (со скор 19-18) ја задржа четвртата позиција на табелата.
NBA FAN
Димитар Младеновски