Двократниот NBA шампион и поранешен All Star, Дејвид Вест, синоќа во јавноста излезе со (најблаго кажано) остар став за случувањата во NBA лигата. Моќното крило кое играше 15 професионални сезони во најсилното кошаркарско натпреварување, е убеден дека тренерите со темна боја на кожата не добиваат заслужена шанса за докажување. Пред само 24 часа, тимот на Њу Јорк Никс го ангажираше Том Тибодо. Оваа одлука на управата на “Никси” само ја потврдува приказната на 206 сантиметри високиот Вест.
“Тајрон Лу е без ангажман. Имиња како Петрик Јуинг и Марк Џексон, сеуште не добиваат шанса. Жал ми е за младите играчи во тимот (на Њу Јорк). Овој човек буквално ке им ја уништи самодовербата. Ке стагнира нивниот напредок. Овој лик добива шанса по стоти пат. Црните тренери ретко кога добиваат втора шанса.” – изјави Вест.Tом Тибодо има богата тренерска кариера како помошник и главен тренер. Беше NBA шампион како помошник во Бостон (во 2008 година) а како главен тренер (во 2011 година) ја освои наградата за стратег на сезоната. Често е критикуван за својот брутален тренажен процес како и минутажата која им ја доделува на своите ѕвезди, дури и кога резултатот на мечот е завршена работа. Поврадата на Дерик Роус во плејофот 2011, во голема мера, му се препишува на сметка на Тибодо. Роус немаше никаква потреба да биде во игра на минута до крај на мечот кога неговиот Чикаго водеше со двоцифрена предност, против Филаделфија. Токму во тие моменти Роус доби тешка повреда на коленото. Сезоната беше загубена а иднината на (тогаш) младиот и талентиран бек, доведена во прашање. Кога станува збор за млади и неискусни играчи, Том Тибодо никогаш не важел за некој мотиватор. Џими Батлер, кој на два пати беше под палката на Тибодо, отворено пред јавноста кажуваше дека најголемиот број на играчи, апсолутно, не се сложуваат со тактиката и начинот на кој “Тибс” го води тимот.Дејвид Вест во моментов, е во обид да формира нова кошаркарска лига во С.А.Д. која ке вбројува стратези и играчи од различни раси, со различно минато и животно искуство. “Историската кошаркарска лига” (како што се најавува дека ке биде нејзиното име) се очекува да се појави на сцената во текот на 2021-та година.
NBA FAN
Димитар Младеновски