NBA колумна на Димитар Младеновски- Дени Авдија, запаметете го ова име (ВИДЕО)

1286

Израел поседува вистински кошаркарски бисер. Се работи за Дени Авдија. Бек со плејмејкерски способности и одлично изграден шут (од дистанца како и од далечина). Висок е цели 205 сантиметри и поседува префинето чувство за игра. Штотуку наполни 19 години. На последното Европско младинско првенство, беше прогласен за најдобар играч на “стариот континент”до 20 години (на своја 17 годишна возраст). Веќе е носител на две златни медали, во млада конкуренција.

Потекнува од спортско семејство. Неговиот татко, Зуфер Авдија, во 80-тите беше капитен на (големата) Црвена Ѕвезда од Белград, како и член на блескавата Југословенска Репрезентација. Советите кон својот син очигледно вродуваат плод. Од ден на ден Дени е се подобар и подобар. Помладиот Авдија, уште во 2013 година се приклучи на најтрофејниот Израелски тим (на 11 годишна возраст). Од тогаш па се до 2017, успеа да освои се што беше возможно да се освои во младинските категории. Стана професионалец на 16 години, со што го сруши рекордот за најмлад играч кој стапнал на професионално ниво во богатата Израелска кошарка.

Доколку се погледне статистиката, Дени Авдија зад своето име до сега има 36 официјални настапи на профи ниво (од кој 8 во Евролигата). Минутажата му беше лимитирана, имајќи во предвид  колку силен состав имаше тимот од Тел Авив последниве две сезони. Дури и во тим исполнет со ветерани и докажани имиња, Авдија успеа да се наметне кај тренерот Јанис Сфаропулос, и да добие шанса да покаже што знае. За толку кратко време кое го мина на теренот, популарниот “Зуфи”, покажа за каков потенцијал станува збор. Пред неколку дена (официјално) го пријави своето име на следниот NBA драфт 2020.

Експертите предвидуваат дека ке биде избран во првите 10, а оние по храбрите, дека може да биде меѓу топ 5-те пикови на драфтот. Талентот е неспорен. Гените си го прават своето. Дисциплината е на високо ниво. Професионалец од најрана возраст. Уживајте во најубавите моменти на “Зуфи” во видеото кое следи.

 

NBA FAN

Димитар Младеновски