NBA колумна на Димитар Младеновски – Derrick Rose клучен во решавачките секунди (ВИДЕО)

1026

Иако тимот на Детроит игра далеку под очекувањата тоа никако не може да се каже за Derrick Rose. Поранешниот најдобар играч во NBA, синоќа имаше уште една сјајна партија. Постигна 21 поен и имаше 7 успешни додавање влегувајќи во игра како резерва. Најимпресивно од се беше неговата самодоверба која на најубав начин ја презентираше кога се решаваше мечот. Rose погоди клучен шут со кој ја доведе победата на Pistons-и од 105-103, на гостински терен во New Orleans.

Со оваа победа тимот од градот на автомобилите, за момент се одлепи од дното на табелата во Источната Конференција. Во моментов “клиповите” имаат само 10 победи и 14 порази, и се во борба за последната позиција која води во плејофот. Сезоната е долга и доколку ги заобиколат повредите нема да биде никакво изненадување, Derrick Rose да го одведе својот тим неколку скалила погоре.

NBA FAN 

Димитар Младеновски