NBA колумна на Димитар Младеновски – Dwight Howard добива шанса да ги поправи грешките од минатото (ВИДЕО)

707

Можеби еден од најпотценетите потези на тимовите ова лето е потпишувањето на Dwight Howard како слободен играч во L.A. Lakers. По разочарувачкиот период поминат во Хјустон како и последните 3 сезони во кој промени исто толку клубови, ова е последна шанса за Dwight Howard да покаже барем малку од она што го поседуваше кога (со право) важеше за најдобар центар во лигата. По повредата на DeMarcus Cousins, Lakers-и мораа да реагираат брзо за да доведат барем приближна замена за него. Одговорот го најдоа во својот поранешен играч. Позади Howard е една многу несреќна сезона. Како играч на Washington Wizards лани одигра само 9 натпревари и цела сезона сес мачеше со повредите. Вестите кој стигаат преку океанот се повеќе од ветувачки. Howard е во одлична форма и нема никакви болки во грбот кој долго време му претставуваше непремостлива препрека да покаже што знае. Кога ке се присетиме каков играч беше, 8 кратен All Star и 3 кратен најдобар дефанзивец, лесно се заборава дека кога е здрав и подготвен тој може да даде одличен придонес за тимот кој настапува. Токму затоа го постираме ова видео – најубавите потези од Dwight Howard во последните неколку години.

По катастрофалната сезона во која го носеше дресот на Lakers (2012-2013) “D12” секогаш изјавувал дека доколку некогаш добие шанса би сакал да им се оддолжи на навивачите во L.A. Конечно добива шанса, сезоната која следува тоа и да го стори.

 

NBA FAN

Димитар Младеновски