NBA колумна на Димитар Младеновски-Џа Морент заборави дека и за него важат закони

621

Џа Морент влегува во сериозни проблеми.

All-Star бекот на Мемфис Гризлис, нема да игра барем во следните два натпревари по одлука на раководството на тимот. Ноќта помеѓу Петокот и Саботата, нa неговиот Instagram профил беше објавено “live video” во кое покажа пиштол додека беше во ноќен клуб. NBA веднаш покрена истрага.

“Свесни сме за објавата на социјалните мрежи во која е вмешан Moрент и го истражуваме случајот.” –  рече портпаролот на NBA, Мајк Бас.

По објавите во медиумите за непримерното поведение на 23 годишниот бек, тој ги деактивираше своите профили на Инстаграм и Твитер, во Саботата попладне. Потоа изјави дека ја презема целосната одговорност за своите постапки. Следуваше соопштение од него:

“Жал ми е за моето семејство, соиграчите, тренерите, навивачите, партнерите, градот Мемфис и целата организација што ве разочарав.” –  се вели во соопштението.
“Ќе одвојам малку време за да добијам помош и да научам подобри методи за справување со стресот и мојата целокупна благосостојба.”

Oва е само едно во низата на негативни случувања кој се поврзуваат со Џа Морент во последниве 10-на дена. “Вашингтон пост” во Средата објави за два инцидента од летото кој резултираа со пријава кај надлежните и официјален полициски извештај.
Најпрво, беше објавено дека Морент (наводно) нападнал 17-годишно момче кое играло против него на пријателски кошаркарски натпревар. Се тврди дека Морент физички ја нападнал жртвата а потоа му го покажал оружјето кое го носел со себе и му се заканил дека ќе го употреби.

Во друг случај, Морент (наводно) влегол во вербален судир со вработен во обезбедувањето на еден трговски центар во Мемфис. Според сведоци на случајот немало само вебална расправија. Морент (наводно) пробал физички да се пресмета со другото лице, се служел со закани, повторно го покажал оружјето кое го носел и само поради брзата интервенција на вработените во трговскиот центар не дошло до посериозен инцидент. Неговиот агент, Џим Тарнер тврди дека за таа случка нема докази.

Во трет случај, на 29-ти Јануари годинава, Морент повторно беше вклучен во инцидент. По победата на домашен терен над Индијана Пејсерс, тој со неколку свои пријатели пристапил кон автобусот на гостинскиот тим при што следеле закани, повторно со огнено оружје. На овој случај има повеќе очевидци, видео снимки, и изјави при што интервенираа надлежните од лигата. Истрагата е сеуште во тек. По овој инцидент, на еден од најдобрите пријатели на Морент, Девонте Пек му е забранет влез во домот на “гризлис”, “Фед Екс форум”.

Не е тајна дека таткото на Морент знае често да влезе во конфликт со противничките играчи, а таков беше и случајот на 29-ти Јануари кога “пејсерси” гостуваа во Тенеси.  Медиумите во Мемфис се релативно “благи” кон својата ѕвезда но, тоа не е случај со остатокот од медиумите ширум Америка.

Многумина го нарекоа “локален шериф”, “гангстерски глумец” како и “разгалено детиште на кое парите му удриле во главата”.
Морент претставува една од најсветлите млади NBA ѕвезди а неговиот комплексен договор со Мемфис Гризлис (најверојатно) ќе достигне вртоглави 231 милион долари за петгодишна верност кон тимот. Тоа зависи од детали во договорот кој речиси со сигурност ќе бидат исполнети.

NIKE кој стои зад Морент (уште пред неговото официјално појавување во лигата) се произјасни дека нема намера да носи “брзи заклучоци” без целосно да се дознаат фактите што е иронично од нивна страна доколку се има во предвид за колку по банални причини се ослободувал од своите “атлестски преставници” во минатото. Последен таков случај беше предвременото раскинување на договорот со Кајри Ирвинг поради неговите несекојдневни изјави на социјалните мрежи.

Како некој кој го следи неговиот кошаркарски пат од средношколските денови и некој кој често ја глорифицирал неговата игра сум должен да го изнесам својот став околу целото фијаско.
Морент со своето екцентрично и често незрело однесување се повеќе и штети на целата организација. Тое е морбидно и во најмала рака непрофесионално.
Џа влегува во сериозни проблеми и се поочигледно е дека тие потекнуваат од неговата глава.

NBA FAN
Димитар Младеновски