Кошаркарите на Јута Џез ја продолжила импресивната победничка серија остварувајќи ја 19-та победа во последните 20 натпревари. Во дуелот на првопласираните тимови од Истокот и Западот, победата остана во Солт Лејк Сити. “Џезерите” славеа против тимот на Филаделфија со конечни со 134:123.Еден од најзаслужните за новата победа на домаќините беше сјајниот поентер Џордан Кларксон кој влезе од клупата за резервни играчи и успеа да постигне цели 40 поени. За него веќе пишувавме.
NBA колумна на Димитар Младеновски-Поентерската машина која сите ја посакуваат (ВИДЕО)
Тимскиот лидер Донован Мичел додаде 24 коша. На спротивната страна кај “сиксерси” кој настапија без центарот Џоел Ембид поради повреда на грбот, одличен беше Бен Сајмонс кој постигна рекордни 42 поени со 12 асистенции додека Тобијас Харис, додаде 36 поени. Сјајното поентерско издание на двоецот на тимот од Пенсилванија не беше доволно да се избегне третиот последователен пораз.Јута Џез и натаму е водечкиот тим во Западната конференција (и во целата лига) со соодносот на победи и порази од 23-5, додека Филаделфија 76ерс падна на 18-10, но и натаму е на чело на Источната конференција.
NBA FAN
Димитар Младеновски