NBA колумна на Димитар Младеновски-Харден разменет во Бруклин

984

Конечно заврши сагата помеѓу Џејмс Харден и Хјустон Рокитс. Синоќа е официјализиран трансферот на поранешниот MVP во тимот на Бруклин Нетс.

Информациите кој доаѓаат од САД говорат дека тој е трејдуван во Бруклин Нетс во замена за четири пика на драфтот, како и талентираните Карис Леверт и Џарид Ален. Освен Хјустон Рокитс и Бруклин Нетс, уште Кливленд Кавалирс и Индијана Пејсерс се вклучија во блокбастерот во кој во главна улога беше најдобриот стрелец од претходните три сезони.Индијана го доби Керис Лаверт од Хјустон а во спротивен правец го испрати поранешниот “аll star” Виктор Оладипо. Кливленд доби одлично засилување во младиот центар Џарид Ален како и во дефанзивецот Торијен Принс кој во пакет доаѓаат од Бруклин. По размената “ракетите” освен пикови на драфтот, ги добија Родрик Куруц и Дантеј Егзум.Останува да видиме што ке се случи после оваа огромна размена на играчи.

NBA FAN

Димитар Младеновски