NBA колумна на Димитар Младеновски – Играчи со најголем напредок сезонава

1069

NBA лигата изобилува со млади и талентирани играчи. Често токму оние млади атлети со голем потенцијал се први кандидати за добивање на една од најпрестижните награди во најсилната лига во Светот. Станува збор за наградата “Играч со најголем напредок” (од една до друга сезона). Како ретко до сега, годинава за таа вредна награда конкурираат двајца играчи со рапиден напредок на индивидуално поле. Иако тимскиот успех во двата случаја заостанува, нивната игра ветува многу. Станува збор за Brandon Ingram од New Orleans Hornets и Devonte’ Graham од Charlotte Hornets.

За прв пат оваа награда е воведена во сезоната 1985-1986. Прв нејзин носител е дефанзивно ориентираниот плејмејкер Alvin Robertson. За разлика од други престижни индивидуални награди, до сега никогаш не се случило оваа чест да ја поделат двајца играчи. Иако многупати до сега за такво нешто имало и реални шанси. За прв пат тоа се случи 1990 година, кога центарот на Miami Heat, Либанецот Rony Seikaly “за влакно” го победи тогаш младиот и талентиран шутер на Indiana Pacers, подоцна легендарниот, Reggie Miller. Пред само неколку години (сезона 2016/2017) истото се случи кога сегашниот MVP, Giannis Antetokounpo ја освои наградата пред Nikola Jokic, иако и двајцата имаа ултра успешни сезони со огромен напредок во играта.

Статистички гледано Brandon Ingram има далеку подобра сезона од предходно. По промената на средина од L.A. Lakers во New Orleans Pelicans, целиот потенцијал кој го имаше излезе на виделина. Подеднакво исто како и Ingram (кој потекнува од иста средина како и “DG”), бекот на “стршлените”, во својата втора сезона дава полн придонес за младиот и талентиран тим на Шарлот. Со огромен раст во играта и рапиден пораст во сите статистички катеогории, поентерот родум од Северна Каролина, засега, покажа дека е главен фаворит за популарната “МIP”. Останува да видиме со какво темпо ке продолжат во вториот дел од првенството. Засега имаме реални шанси да бидеме сведоци за прв пат, двајца играчи да ја добијат истата почест.

NBA FAN

Димитар Младеновски