Брендон Инграм имаше одлична сезона, пред да дојде до прекин на првенството поради епидемијата. Крилото кое предходното лето дојде преку трампа од тимот на Лос Анџелес Лејкерс, имаше подобрување на бројките во сите статистички категории. Посдува застрашувачки висок потенцијал, и има само 22 години. Ланската сезона му беше исполнета со повреди, а годинава, конечно здрав и подготвен покажа на кошаркарската јавност колку е сестран и опасен (посебно во нападот). Постигнувше скоро 25 поени по натпревар, со одличен процент на шут од поле со преку 53% успешност во шутот.
Вториот избор на драфтот 2016 година, од ден на ден бележи се подобра игра, со висока доза на зрелост имајќи во предвид колку е млад. Оваа сезона го забележа и својот прв All-Star настап, а “мирниот ѕвер” како што го нарекуваат се повеќе ги оправдува високите очекувања. Споредбите со еден од најдобрите играчи во NBA, Кевин Дурант се покажаа дека воопшто не биле залудни. Ви ги презентираме најубавите моменти од Брендон Инграм од тековната сезона. Во секој случај, тој заслужи да ја добие наградата за играч со најголем напредок во една натпреварувачка година. Уживајте…
NBA FAN
Димитар Младеновски