NBA колумна на Димитар Младеновски-Кајри Ирвинг ги порази довчерашните другари (ВИДЕО)

927

Во синоќешната “божиќна” вечер, која броеше 5 натпревари, го издвојуваме дуелот во Бостон помеѓу “селтикси” и тимот на Бруклин Нетс.Двата тима, сезонава важат за фаворити од Источната конференција. Ова претставуваше прв официјален натпревар на Кајри Ирвинг против својот поранешен тим. Ирвинг, заедно со својот голем пријател Кевин Дурент, летото 2019 како слободен играч премина од Бостон во Бруклин. Мечот го одбележа одличната партија на Ирвинг. Постигна 37 поени и 8 асистенции водејќи го својот тим до втората победа во новата сезона. Во чекор го следеше Кевин Дурент со 29 постигнати поени.На спротивната страна, предводници на “келтите” беа нивните млади и надежни крилни играчи. Џејлен Браун постигна 27 а Џејсон Тетјтум 20 поени, недовлно за победа на домашен терен. Бостон настапува без својот прв плејмејкер, Кемба Вокер кој сеуште не е подготвен за настап. “Мрежичките” извојуваа убедлива победа, на гости, од 123-95.По мечот беше видиливо дека поранешните соиграчи немаат негативни чувства еден за друг. На вистински, спортски начин се прегрнаа и си посакаа успех во понатамошниот дел од првенството.

Уживајте во најубавите моменти од синоќешната поентерска претстава на Кајри Ирвин против своите довчерашни тимски другари.

NBA FAN

Димитар Младеновски