NBA колумна на Димитар Младеновски-Kevin Durant во дресот на својот најомилен Европски кошаркар (ФОТО)

762

Периодот на рехабилитација на супер ѕвездата на тимот од Brooklyn е веќе започната. Во текот на вчерашниот ден Kevin Durant се појави во многу интересен outfit. Новата 7-ка на Nets-и се појави во дресот на уште една легендарна фигура која го носеше истиот број – Тони Кукоч. Сплитскиот  “пинк пантер” е еден од најомилените играчи на расниот стрелец и еден од оние кој често ги следел како дете во главниот град на С.А.Д. Интересен е податокот што двајцата играчи се иста висина (209 cm) и двајцата како најсилно оружје го поседуваат шутот. Хрватската легенда беше идол на многу млади кошаркари кој со текот на годините станаа фактор во кошаркарскиот Свет. Во секој случај, убаво е чувството кога ке се види како една од најголемите кошаркарски имиња оддава почит на великаните кој тоа го правеле пред него.

NBA FAN 

Димитар Младеновски