Кога станува збор за NBA легендите, неизбежни се две имиња кој без никаков сомнеж ја одбележаа крилната позиција на 90-тите години. Скоти Пипен и Чарлс Баркли. Двајцата беа суперѕвезди, “All Star” играчи, репрезентативци и големи пријатели. За овие два великани на кошаркарската игра премалку е да се одбележи една посебна колумна. Нивниот неспорен квалитет и автентичност е општо признат и почитуван од секој кој некогаш погледнал кошаркарски натпревар.По освојувањето на 6-тата титула, во 1998 година, ростерот на Чикаго Булс претрпе драстични промени. Управата на тимот комплетно го “реновира” тимот и започна од нула. Една од главните причини беше пензионирањето на Мајкл Џордан и заминувањето на најуспешниот тренер на сите времиња, Фил Џексон. Скоти Пипен беше трејдуван во Хјустон Рокитс за 5 играчи и 2 идни избори на драфтот.
Со тој потег во скратената сезона (поради “lockout”-от и преговорите помеѓу NBA тимовите и унијата на играчите) 1998/1999 година, Пипен и Баркли станаа соиграчи. Тимот од Тексас во тимот го имаше и еден од најдобрите центри на сите времиња, Хаким Олајџуон. “Ракетите” првенството го започнаа со три суперѕвезди кој поседуваа непроценливо богато искуство. И кога сите очекуваа нивното пријателство да достигне нови височини, резултатскиот неуспех произведе раздор меѓу големите пријатели. Пипен и Баркли се судрија меѓу себе.
Во видеото кое следи, детално се опишува односот помеѓу овие две величини. Во најмала рака, вреди со исклучително внимание да се проследи. Уживајте…
NBA FAN
Димитар Младеновски