Сезоната 1994-1995 беше многу интересна и необична за Чикаго Булс. За прв пат настапуваа во нова арена (Јунајтед центар) и втора година по ред, го немаше нивниот лидер – Мајкл Џордан кој во тоа време сеуште активно се бавеше со бејзбол. Скоти Пипен беше првото име на “биковите” со 21 поен и 5 асистенции во просек. Тони Кукоч беше млада и перспективна фигура во нападот на тимот од “ветровитиот град”. Веќе во својата втора NBA сезона, “Сплитскиот Пинк Пантер” покажуваше (дотогаш) незабележана зрелост и интелигенција во играта.Најголемото изненадување во спортскиот свет се случи на 18-ти Март 1995 година. По 18 месечна пауза, Мајк Џордан се врати на кошаркарскиот терен. Ова претставуваше најнезаборавното враќање на било кој играч во историјата на кошарката. Иако беше видливо дека Мајкл не е истиот играч како претходно, во само петиот натпревар по неговото враќање, докажа дека е спремен да го врати шампионскиот сјај на својот тим.На 28-ми Март 1995 година, Чикаго му гостуваше на големиот ривал Њу Јорк Никс во преполниот “Медисон Сквер Гарден”. Мајкл Џордан приреди уште една незаборавна ноќ. Ги торпедираше домаќините уфрлајќи им 55 поени и остварувајќи ја клучната асистенција (до центарот Бил Венингтон) за важен гостински триумф (конечни 113-111).Џордан ги одигра последните 17 натпревари од регуларниот дел на сезоната 1994-1995. Иако постигнуваше по 27 поени на натпревар тоа не беше доволно, истото првенство да дојдат до посакуваната цел. Тоа ќе се случи веќе наредната година кога “биковите” ќе тргнат на историски успешен пат, освојувајќи ги наредните три титули (1996 / 1997 / 1998).
NBA FAN
Димитар Младеновски
Ретро NBA-На денешен ден се случи највозбудливиот “come back” во историјата (ВИДЕО)
NBA колумна на Димитар Младеновски-Биковите против сите (ВИДЕО)
NBA колумна на Димитар Младеновски-Легендарниот дуел во големото јаболко (ВИДЕО)
NBA колумна на Димитар Младеновски-Историската вечер на неговото “кошаркарско височество” (ВИДЕО)