NBA колумна на Димитар Младеновски-Лејкерси во криза (ВИДЕО)

656

Продолжува кризата на Лос Анџелес Лејкерс. Актуелниот шампион го претрпе третиот пораз по ред. По поразот од Бруклин и Мајами во нивниот “Стејплс центар” следуваше уште едно непријатно изненадување. Во неизвесен меч во кој беа потребни дополнителни 5 минути игра, гостите од Вашингтон ги поразија домаќините (конечни 127-124).По повредата на Ентони Дејвис, се по забележителен е падот на играта во составот на “езерџиите”. И покрај стандардно одличната игра на Леброн Џејмс кој беше на чекор до “трипл-дабл” ефект (31 поен, 13 асистенции и 9 скокови) како и неуморната игра на новоангажираното крило Монтрезл Херл кој постигна 26 поени, затаи концентрацијата во клучните моменти.Бредли Бил и Расел Вестбрук беа на висината на задачата, постигнувајќи 33 и 32 поени, доволно за тешко извојувана победа на тимот од главниот град. И покрај поразот, “лејкерси” го задржаа второто место на табелата на Западот со скор од 22-10. Идентичен број на победи и порази има соседот од “Ел-Еј”, Лос Анџелес Клиперс.

NBA FAN

Димитар Младеновски