Голден Стејт ја игра најубавата кошарка оваа сезона. Брзото темпо и ефикасноста наликува на (не толку одамна) поминатите шампионски денови. И покрај отсуството на Клеј Томсон и Џејмс Вајзмен, “воините” се прво пласирани во NBA, со скор 10-1. Стеф Кари е повторно во MVP форма а остатокот на тимот е исполнет со многу пријатни изненадувања. Дрејмонд Грин не е оној истиот од пред некоја година, но, сеуште е едно од најдобрите дефанзивни крила во лигата.Гери Пејтон (втори) конечно, доби шанса за игра која ја искористува на најдобар можен начин, кој го прави неговиот далеку познат татко повеќе од горд. Ендрју Вигинс потсетува зошто беше избран како прв пик на драфтот 2014 година. Младиот бек, Џордан Пул, игра исклучително ефикасна кошарка. Новодојдените ветерани, Немања Бјелица, Ото Портер јуниор и повратникот Андре Игудала, даваат полн придонес во успехот на тимот. Во “Чејс центар” атмосферата е до точка на вриење. Возбудливта игра на момците од Оукленд дава надеж на навивачите за враќање на шампионскиот сјај.
Синоќа се судрија со Минесота на свој терен, и на дело ја покажаа сета своја сила и атрактивност. Приредија вистинско шоу. Уживајте во ова видео.
NBA FAN
Димитар Младеновски