На денешен ден, во 1995-та година (тогаш трикратниот шампион) Чикаго Булс го пречека еден од најголемите конкуренти за тронот, Сан Антонио Спарс.
Натпреварот се одржа на 24-ти Јануари 1995, во штотуку изградениот “Јунајтед” центар кој ќе претставува место на легендарни и незаборавни моменти во годините кој доаѓаат.
“Биковите” имаа тежок старт на првенството без својот лидер Мајкл Џордан кој за прв пат се повлече, пред почетокот на сезоната ‘93/’94.
Токму во текот на оваа година, најголемиот на сите времиња се врати во составот на два месеца пред почетокот на плејофот.
Скоти Пипен го предводеше тимот, налик на својот голем пријател. Младиот Тони Кукоч ја започнуваше својата успешна NBA приказна. Во овој период тимот доби дури 5 нови кошаркарки кој беа посебно важни за долготрајниот успех на тимот од Илиноис.
Пристигна Рон Харпер кој беше стандарден во стартната петорка, се приклучи Австралискиот центар Лук Лонгли а клупата за резерви беше засилена со Стив Кер, Џад Бушлер и Дики Симкинс.
“Мамузите” беа предводени од најдобриот играч таа сезона, МVP-то Дејвид Робинсон, неуморниот Денис Родман и “All-Star” крилото Шон Елиот.
Тимот од Тексас беше пополнет со исклучително искусни и квалитетни кошаркари на секоја позиција. Навивачите на Чикаго, посебно беа негативно настроени кон Денис Родман, кој со години ги фрустрираше настапувајќи за нивниот голем ривал Детроит Пистонс. Овој натпревар беше последен пат каде на теренот во “ветровитиот град” се појави како противник. Веќе следната година, “Црвот” стана миленик на навивачите и неизбришлив дел од богатата историја на овој голем клуб.
Само ден по овој интересен натпревар, Сан Антонио го порази актуелниот шампион Хјустон Рокетс потврдувајќи ја својата сериозност за освојување на трофејот. Овој дуел (на некој начин) ја најви понатамошната тимска доминација до крајот на минатиот век.
По завршувањето на ова првенство, следуваа три освоени титули за Чикаго (1996, 1997 и 1998 година) а Сан Антонио ја заокружи деценијата стигнувајќи до својот прв шампионски пехар во 1999-та.
Уживајте во најубавите моменти од мечот помеѓу Сан Антонио и Чикаго, одржан на денешен ден.
NBA FAN
Димитар Младеновски