Сон на секој генерален менаџер во кошарката е да создаде шампионски тим. Постојат 3 основни начини како тоа може да се стори:
1.Преку драфтување на играчот (доведување во тимот од универзитет или пак првенство во друга земја).
2.Преку трампа односно размена на играчи.
3.Преку потпишување на играчот како слободен агент.
Токму последната опција која е наведена – потпишувањето на играчот како слободен агент (или преку опцијата “sign and trade”) се покажала како круцијална во градењето на многу шампионски тимови во текот на годините. Како што може доведувањето на играч во право време на право место да биде важно за иднината на тимот , толку е и ризично давањето на богат договор на играчот со надеж за понатамошен успех. Колку што имало одлични и исплатливи договори исто толку имало и лоши. Повреда, тимска хемија или пак погрешен “тајминг” се најчести причини за оние т.н. промашени договори. Набројуваме неколку од нив, односно најпреплатени играчи во NBA денес.
7.Andrew Wiggins (Minesotta Timberwolves)
Првиот избор на драфтот 2014 е еден од најдобрите поентери бекови на денешницата. Неговата одбраната е нешто сосема друго. Wiggins поседува неспорни офанзивни квалитети но неговиот напредок во остатокот од кошаркарската игра е нешто за кое експертите му забележуваат. До сега се очекуваше Канаѓанецот да биде предводник на тимот и All-Star играч, нешто кое што требаше да го стори имајќи во предвид колку тимот од Минеаполис веруваше во него и каков договор му подари. Wiggins во наредните 4 години ке заработи фантастични 122 милиони долари, сума која ја заслужува единствено NBA суперѕвезда. Обидите да биде разменет во друг тим летово беа неуспешни токму поради актуелниот договорот кој го има. Среќна околност за “волците” e што тој е сеуште млад (24 години) и има простор барем малку да ја оправдата довербата која ја доби од тимот.
6.Russell Westbrook (Houston Rockets)
Неспорно е дека “Russ” е еден од најдобрите играчи во лигата. Следната сезона ке биде нов адут на “ракетите” од Хјустон заедно со својот поранешен соиграч и одличен пријател – James Harden. Поранешниот MVP по вртоглавите партии кој ги пружи во минатите сезони, заслужи договор вреден за респект во секој поглед. Загрижува податокот што главна одлика на Westbrook е атлетицизмот и брзината – одлики кој со текот на годинита најмногу страдаат и “се трошат”. Иако во моментов можеби изгледа далечно, на крајот од договорот тој ке има полни 34 години. Тоа ке се случи во 2022 година а дотогаш Russell Westbrook ке биде побогат за вртоглави 171 милиони долари.
5.John Wall (Washington Wizards)
Еден од најбрзите играчи кој некогаш облекле кошаркарски патики. Еден од најмалерозните кога се во прашање повредите. Пред плејот на Вашингтон престои долга пауза поради повредата (и операцијата на коленото од Јануари годинава). Да биде уште по трагично за “волшебниците” тој потоа во Февруари 2019 год. на бизарен начин (паѓајќи во својот дом) ја скина ахиловата тетива. Факторот што најоптимистичките прогнози велат дека би се вратил по пауза од 18 месеци делува застрашувачки. Зачинето со астрономски високиот договор кој го потпиша лани го прави исклучително тежок за размена во друг клуб. Му посакувам што побрза рехабилитација, а само во периодот кој ке биде отсутен Wall ке инкасира преку 50 милиони долари.
4.Gordon Hayward (Boston Celtics)
По долго очекување летото 2017 год. Хејворд како слободен играч премина на Истокот спојувајќи се со својот колеџ тренер и голем пријател Brad Stevens. Не беше никакво изненадување што Celtics го наградија со голем договор имајќи во предвид какви партии пружаше во својот предходен тим – Utah Jazz. По стратната повреда и тешка фрактура на ногата уште на првиот натпревар за својот нов тим, Гордон се врати сезоната што измина но, беше само бледа сенка од она што го паметиме. Долгата пауза си го стори своето и од над 22 поени по натпревар лани “големата бела надеж” реализираше двојно помалку (11 поени по натпревар). Фановите на Бостон нестрпливо го чекаат стартот на новата сезона, со видоизменет состав ке атакуваат на врвот на Источната Конференција. Сите прави кошаркарски фанови навиваат за успешен “come back” на NBA ѕвезда по тешка повреда. Доколку некој не го смета за права ѕвезда тој секако е платен како таква. Остануваат уште 2 години од договорот во кој Хејворд ке заработи неверојатни близу 67 милиони долари.
3.Тim Hardaway Jr. (Dallas Mavericks)
“THJ” е уште еден од многуте играчи кој (неговиот предходен тим) New York Knicks го имаат преплатено врз база на талент и можност за напредок. Не велам дека Hardaway е лош играч, напротив. Стрелец кој би го посакал секој тим да го има во тимот а на моменти со својата брзина и борба е налик на својот татко (Tim Hardaway Senior). Далас ја плати цената за доведувањето на ултра талентираниот центар Kristaps Porzingis со прифаќањето на богатиот договор на Hardaway, кој во пакет лани пристигна во нивните редови. “Тimmy” би бил далеку покорисен во некој друг состав кој би му пружил повеќе слобода во играта, но ретко кој тим би прифатил да плати скоро 40 милиони долари во наредните две години за неговите услуги.
2.Nic Battum
Николас Батум е класичен пример како тимски играч кој е нешто над просекот може да импресионира одредена управа, да го донесе во својот состав и да го преплати. Пред 3 сезони од Портланд се пресели во (тимот на Michael Jordan) Шарлот. Француското крило во периодот кој настапува за “стршлените” е приближно истиот играч од неговите денови во “блејзерси” само што е 4 пати подобро платен за тоа што го придонесува. На ветеранот му преостануваат уште две години во кој ке заработи шокантни 53 милиони долари!
1.Chris Paul (Oklahoma City Thunder)
Во новата сезона нов тим за легендарниот плеј. “CP3” е сеуште меѓу најдобрите плеј мејкери во лигата, но не ни одблиску она за кое неговиот предходен тим (Houston Rockets) реши да го доведе во своите редови. За тоа колку е тежок договорот на Paul доволно говори податокот што околу 10-ина тимови во последниот месец одбиваат да разговараат за превземање на истиот, иако тој е сеуште добар играч. Колку и да пружи добри партии во следната сезона (на 34 годишна возраст) без оглед во кој клуб ке настапува, со сигурност неговата игра не вреди цели 124 милиони долари за 3 годишна верност.
NBA фан
Димитар Младеновски