За повозрасните љубители на кошарката, името на Оскар Шмид со златни букви е испишано во спортската историја. Еден од најголемите поентери на сите времиња, бразилскиот репрезентативец во својата богата професионална кариера, успеа да постигне близу 50.000 поени на официјални натпревари. Такво нешто, до денешен ден се нема случено и аналитичарите не веруваат дека некогаш ќе се повтори. Рецепт за ваквото астрономско достигнување е дисциплината и долговечноста. Следува видео во кое накратко се опишува приказната за омилениот играч на легендарниот Коби Брајант.
Приказна за најдобриот Олимписки стрелец. Уживајте…
NBA FAN
Димитар Младеновски