Неспорно е дека ни престои жешко кошаркарско лето. Трансфер пазарот е отворен со вртоглави трансфери и промени во голем број на тимови уште од самиот старт. Во прилог Ви презентираме неколкумина тимови, исходот од првиод ден по отварањето на преодниот рок во NBA лигата и оценка за нивниот досегашен успех.
Brooklyn Nets – Оцена:5
Доволно е само да ги наброиме трите имиња кој доаѓаат летово во Бруклин: Kevin Durant, Kyrie Irving и DeAndre Jordan. Преку ноќ Nets-и стануваат главен конкурент на шампионот Toronto Raptors на Истокот. Го “жртвуваа” својот најдобар играч од ланската сезона – D’Angelo Russell кој го трампаа во Golden State Warriors но во спротивна насока најверојатно доаѓа Andre Iguodala кој и тоа како ке значи со своето непроценливо искуство. На веќе солидниот нуклеус кој го имаат во младите Jarret Allen, Spencer Dinwiddie, Joe Harris им се приклучува и дебитантот Jaylen Hands. Во следната година нема да може да сметаат на своето најголемо засилување – Kevin Durant ке ја пропушти целата наредна сезона поради тешката повреда на ахиловата тетива. И покрај тоа може да ги сметаме за сигурен playoff тим и голем конкурент во иднина.
Golden State Warriors – Оцена:4
Го загубија Kevin Durant но го добија D’Angelo Russell и исто толку важно, го задржаа Klay Thompson. Екс шампионот сеуште има конкурентен тим, а во случај да го задржат DeMarcus Cousins (нешто што е тешко да се прогнозира) повторно би имале причини за оптимизам. Kако прва опција во нападот повторно се враќа двократниот MVP – Stephen Curry a во составот сеуште е и неуморниот борец Draymond Green. Во моментов е непознато што ке се случува на позиција 4 и 5 во тимот како и тоа како ке изгледа клупата на “воините”? Засега ова е нивната стартна оцена.
New Orleans Pelicans – Оцена:3
Веќе пишувавме за најголемата промена во NOLA – заминувањето на Anthony Davis во Los Angeles Lakers и доаѓањето на млади и талентирани играчи во спротивен правец (Brandon Ingram и Lonzo Ball) како и првиот пик на драфтот Zion Williamson. Тимот се реши да не го задржува талентираниот Julius Randle кој игра на иста позиција со нивниот прв адут во моментов – првиот пик Williamson. Како големо засилување доаѓа ветеранот J.J. Redick кој и тоа како лесно би се вклопил во тимот. Имајќи во предвид дека летово останаа без своите двајца први стрелци во тимот и дека за секој новоизграден тим треба време за адаптација,лично не очекувам инстат успех на “пеликаните” туку студиозен напредок од година во година. Иднината за нив е повеќе од светла.
Boston Celtics – Оцена:2
Го добија мулти талентираниот плеј Kemba Walker но во исти ден ги загубија Kyrie Irving, Terry Rozier и Al Horford. Голема неизвесност преставува Gordon Hayword кој има дебел договор а ланската сезона по враќањето од повредата за него беше разочарувачка. Среќна околност за Селтикс е тоа што многу поголема слобода во играта ке добијат Jaylen Brown и Jayson Tatum-кој сега, во својата трета NBA сезона треба да ја превземе улогата на лидер во тимот. Кемба е одлично засилување а и ростерот е далеку од лош но, “келтите” загубија премногу во еден ден.
New York Knicks – Оцена:1
Најголемото разочарување во првиот ден од преодниот рок е тимот од “Големото јаболко”. Не само што не успеаа да доведат ниту една од таргетираните супер ѕвезди (Kevin Durant, Kyrie Irving) туку пропадна и т.н. втора варијанта преку трампа да успеат да го доведа Kemba Walker, Јimmy Buttler или пак D’Angelo Russell. Како капак на се ги изгубија DeAndre Jordan и Mario Herzonja во првите 24 часа. Најчесто кога во минатото ке се случеше вакво нешто Knicks-и доведуваа неколку играчи кој ги преплатуваа. Делеа високи договори на недокажани играчи, сомнителни карактери или пак веќе “истрошени” поранешни All-Star играчи. И овој пат не беше исклучок. Лошата пракса продолжи и летово а менаџментот на Knicks-и заедно со сопственикот James Dolan се едни од најомразените личност во градот. Нови играчи во составот се талентираниот Julius Randle,проблематичниот и непредвидлив Bobby Portis, ветеранот Taj Gibbson како и шутерот Reggie Bullock. Ништо спектакуларно. Имајќи во предвид која годишна плата ке ја примаат новите “њујорчани” првиот ден од преодниот рок за Knicks е повеќе од мизерен.
NBA FAN
Димитар Младеновски