NBA колумна на Димитар Младеновски-Нетс го враќаат уникатниот сјај од ’90-тите (ВИДЕО)

1126

Одлично изненадување за NBA фановите, и љубителите на кошаркарските дресови. Бруклин Нетс, следната сезона одреден број на натпревари ке ги одиграат во онаа препознатлива “униформа” која ја промовираа пред 30 години.

Во последните 5 сезони, официјалниот производител на кошаркарската опрема за сите тимови во најсилното натпреварување во Светот (Nike) сериозно ја прифати сугестијата на навивачите. Се почесто сме сведоци на уникатниот сјај од ’90-тите на теренот.Ретро “елементот” е повторно во игра. Токму овие дресови на “Нетс-и” не потсетуваат на една богата и исклучително интересна фаза од нивниот развој.

Во 1990 година, Дерик Колмен беше нивни прв пик на драфтот а набрзо по него следуваше изборот на еден од најдобрите плејмејкери кој некогаш се појавиле од Њу Јоршките игралишта, ултра брзиот Кени Андерсон.

Во тимот на (тогаш) Њу Џерси Нетс, настапуваа и младиот Муки Блејлок како и атлетски импресивниото крило Крис Морис. Најубавите NBA моменти, токму таму ги имаше и едно од најголемите кошаркарски имиња од стариот континент. Легендарната тројка на “мрежичките” ја носеше големиот Дражен Петрович. “Кошаркарскиот Моцарт” својата најдобра NBA сезона ја одигра во овој дрес, пред трагичната сообраќајна несреќа (летото 1993 година).

“Нетс-и” беа исклучително интересен тим. Незгоден противник за сите во Источната конференција. Посебно омилени беа на љубителите на видео игрите каде на оригиналната “NBA JAM”, тие беа едни од фаворитите за игра.Со нетрпение очекуваме да ги видиме играчите на Бруклин во нивното “старо/ново” издание.

NBA FAN

Димитар Младеновски