Кемба Вокер се враќа дома. Искусниот плеј, родум од Бронкс, се договори со управата на Оклахома сити да му биде “откупен” договорот откако кај нив пристигна пред повеќе од еден месец од тимот на Бостон. Ова значи дека “Кардиек Кемба” ке може слободно да потпише договор за тимот со кој израсна и на кој е голем фан од најрана возраст.Ова е само уште еден во низата одлични потези на управата на тимот. Во “Медисон Сквер Гарден” и сезонава која претстои, повторно ке настапуваат Дерик Роус, Нерленс Ноел, Таџ Гибсон и Алек Буркс. Со нив договорите беа продолжени. Доведен е искусниот француски шутер, Еван Фурние, еден исклучително потценет “дил” во првите денови од преодниот рок.
Верноста кон клубот (штотуку) ја потврди и нивниот најдобар играч, All Star крилото Џулиус Рендл. Toj се одлучи за нов четворогодишен договор вреден 117 милиони долари. Рендл е навремено задржан и осигуран на начин кој вистински му одговара на клубот. Иако имаше опција да потпише побогат договор, токму овој потег му дава шанса на Њу Јорк за поголема флексибилност како и доведување на уште некој квалитетен кошаркар во блиска иднина.
Со се поочигледниот напредок на Ар-Џеј Берет, долгоочекуваното заздравување на центарот Мичел Робинсон, и со новите потези, многубројните навивачи на “никси” (и тоа како) имаат причина за задовлство. Подетална анализа, ке следи пред почетокот на сезоната.
NBA FAN
Димитар Младеновски