Сезонава бевме сведоци на голем број на фантастични индивидуални партии. Посебно возбудливо за секој кошаркарски фан е кога ке биде сведок на висок поентерки перформанс. Годинава (пред прекинот на првенството), видовме голем број на такви мечеви, во кој најдобрите во Светот го покажаа сиот свој импресивен офанзивен арсенал. За разлика од порано, во ова доба на кошарката, нападот добива далеку поголема предност за разлика од играта во одбраната. Токму поради ставањето акцент на поентерскиот дел, се почесто сме сведоци на високи резултати како и број на постигнати поени од главните актери на ова прекрасно шоу.
Во овие моменти, кога исклучително силно ни недостасуваат нови натпревари, Ви ги претставуваме најдобрите партии од денешните “огнени момци”. На ред доаѓаат да ги проследиме оние ноќи во кој кошаркарите едноставно, не можат да промашат. По термин познат на нашите колеги преку барата, “HE IS ON FIRE!”. Уживајте….
NBA FAN
Димитар Младеновски