Едно од најголемите изненадувања во тековното првенство беше тимот на Оклахома Сити Тандер. Состав кој е мешавина на младост и искуство, со респектабилна стартна петорка и солидна клупа. Еден од најдобрите плеј мејкери во последните две декади, Крис Пол, по доаѓањето во новата “чета” ја врати старата форма и претставува вистински лидер на тимот. На бековската линија OKС го има младиот и мултиталентиран, Шеј Гилгес-Александер. Германецот Денис Шродер со својата одлична игра претставува главен кандидат за наградата најдобар 6-ти играч (најдобра резерва) на првенството. Гордоста на Нов Зеланд, центарот Стивен Адамс со години наназад важи за еден од најборбените центри во NBA.
Претходното лето во тимот пристигна и италианскиот ветеран, Данило Галинари кој во својата 11 NBA сезона, не покажува знаци на застој. На центарксата позиција, како замена од клупата, Оклахома има голем адут во дефанзивно ориентираниот Нерленс Ноел. Пријатно изненадување претставуваше и играта на младите крила Теренс Фергусон и Хамаду Диало, а дебитантите Дериус Бизли и Канаѓанец Лугетз Диор даваат полн придонес во својата професионална премиера. Петтата позиција во Западната конференција (со скор 40-24) со оглед на нивната игра е сосема заслужена. Уживајте во најубавите моменти од сезонава во изведба на “грмотевиците”.
NBA FAN
Димитар Младеновски