NBA колумна на Димитар Младеновски-Осилото од 90-тите (ВИДЕО)

1311

Во текот на 90-тите години од минатиот век, во NBA лигата имаше мноштво од квалитетни и исклучително атрактивни тимови кој не го постигнаа својот потенцијал. Најголема причина за тоа беа честите промени во составот како и силната конкуренција. Денес ви го претставуваме тимот на Шарлот Хорнетс. Тимот од Северна Каролина имаше два први пика на драфтот. Како нивни избор во 1992 и 1993 година, Шарлот доби легендарно моќно дуо во Лери Џонсон и Алонзо Морнинг.Уникатниот изглед на теренот (популарното “осило”), оригиналниот дизајн на нивните дресови како и офанзивниот и агресивен стил на игра ги правеше “Хорнетс” еден од најомилените тимови во NBA. Во втората половина од оваа декада, во тимот пристигна еден од најдобрите стрелци во лигата – Глен Рајс. Рајс доживеа неочекуван напредок и стана MVP на Аll Star натпреварот во Кливленд (1997 година) рушејќи рекорди стари преку 30 години.Остатокот од тимот беше исклучително интересен. Убиствениот шутер Дел Кари (таткото на далеку по популарниот Стеф Кари), уникатниот “Магзи” Богз кој до денес е најнискиот играч во историјата на професионалната кошарка. Во тимот на “стршлените” продефилираа и играчи како Владе Дивац, Мет Гајгер, Дејвид Весли, Џеј-Ар Рид, Кени Гетисон, покојниот Ентони Мејсон, Би-Џеј Армстронг итн. Уживајте во ова видео со најатрактивните потези на тимот на Шарлот.

NBA FAN 

Димитар Младеновски