NBA колумна на Димитар Младеновски-Отворена истрага против Клиперс

876

NBA лигата започнува истрага против Лос Анџелес Клиперс и нивниот консултант Џери Вест.Како спорно се смета ангажирањето на нивниот најдобар играч, Каваи Ленард летото 2019. Тогаш Ленард потпиша тригодишен договор за “клиперси” вреден (речиси) 104 милиони долари.Џон Вилкс, кој е исклучително близок со крилото на клиперс како и со неговиот вујко, Доналд Робертсон, го предаде случајот на надлежните. Судот во Лос Анџелес треба да одлучи по барањето на Вилкс кој тврди дека токму тој посредувал при преминот на All Star ѕвездата од Торонто во Лос Анџелес. Бара оштета од 2.5 милиони долари поради (наводен) усмен договор.

Откако медиумите во С.А.Д го објавија тужбеното барање, во јавноста “клиперси” излегоа со соопштение.

“Тужбата која ја поднесе Вилкс е лажна и обвинувањата немаат основа. Клиперс соработува со NBA во истрагата, а тоа е стандардна процедура во вакви случаи. Ќе обезбедиме докази за NBA и ќе докажеме дека сме невини“, соопштија од клиперс.

Ова е само уште еден во низата проблеми за “помалиот” тим од “Ел-Еј”. Ланската сезона и покрај тоа што од многумина беа сметани за фаворити, “клиперси” загубија во полуфиналето на западната конференција од Денвер Нагитс. Иако имаа предност од 3:1 во победи, не успеаа да ја завршат задачата. Во јавноста излегоа информација за нетрпението помеѓу играчите и нарушената тимска хемија за време на плеј-оф натпреварите.Тимот го отпушти тренерот Док Риверс, кој замина во Филаделфија а еден од своите најдобри играчи Монтрезл Херл премина во нивниот најголем ривал, шампионот Лос Анџелес Лејкерс.

NBA FAN

Димитар Младеновски