Синоќешната NBA програма броеше 12 мечеви. Во три од нив, имавме можност да видиме вистинска поентерска експлозија на млади и надежни “бекови шутери”.Најпрво, Џа Морент имаше свое импресивно поентерско издание против тимот на Сан Антони Спарс. Ланскиот најдобар дебитант, постигна рекорд на кариерата од 44 поени, зачинети со 9 асистенции. Фантастичната изведба на Морент, сепак, не беше доволно “гризли мечките” да излезат како победници во дуелот со “мамузите”. На крајот, домаќините ја однесоа победата со краен резултат 131-119.Тимот на Шарлот Хорнетс и покрај одличното издание на својот бек, остана без победа на гостувањето во Кливленд. Станува збор за “стршленот” Тери Розиер кој постигна (за него рекордни) 42 поени, не довoлно за триумф на својот тим, во премиерниот меч од првенството. Уште еден бек-поентер ноќеска имаше своја вечер. Треј Јанг ја водеше неговата Атланта во победа на гости, во “Јунајтед центар”. Чикаго немаше одговор за еден од најдобрите шутери на денешницата. Јанг мечот го заврши со 37 реализирани поени и 7 успешни додавања за висок триумф на “јастребите” со 20 поени разлика (124-104).
Уживајте во најубавите моменти од екслползивните партии на поентерски расположените бекови.
NBA FAN
Димитар Младеновски