Џејмс Харден и Си-Џеј МекКалум имаа шутерски двобој на мечот помеѓу Портланд и Хјустон во “Мода центар” – Орегон. Иако двајцата завршија со ист поентерски ефект, домаќините успеа (по продолжение) да го совладаат ослабениот гостински тим (конечни 128:126).Хјустон допатува со само девет кошаркари за првиот меч од новата сезона. И покрај тоа што нивниот прв играч, Џејмс Харден постигна 44 поени, тоа не беше доволно за триумф. МекКалум со истиот учинок и се радуваше на тешко извојуваната победа на “блејзерс”, постигнувајќи ги и клучните поени во дoполнителните 5 минути.Демиен Лилард со 32 поени исто така имаше важна улога во победата на Портланд додека на спротивната страна, Џејмс Харден најголема поддршка доби во новоангажираниот адут Кристијан Вуд. 208 сантиметри високиот крилен центар го заврши натпреварот со 31 постигнат поен во неговото официјално деби во дресот на “ракетите”.По одложениот прв меч против тимот на Оклахома Сити пред 4 дена, ова беше прв натпревар за тимот од Тексас во новата сезона. Нивните овогодишни засилувања Џон Вол и Демаркус Казнс, не настапија поради ситни повреди како и нивниот втор стрелец Ерик Гордон и најдобрата резерва на тимот, Бен МекЛемор кој сеуште не се подготвени за официјален настап.
NBA FAN
Димитар Младеновски