NBA колумна на Димитар Младеновски-Ракетите се враќаат во погон

1073

Хјустон Рокетс е првиот NBA тим кој ги овори вратите за своите кошаркари. Од вечерва “ракетите” се  враќаат на тренинг со цел да се подготват за остатокот од тековното првенство, кое е во застој повеќе од 2 месеци. Оваа информација ја потврди генералниот менаџер на тимот од Тексас, Дерил Моури. Хјустон, на овој начин, смета дека ги прави првите и неопходни чекори кон враќање во нормала. Со овој чекор, “рокетси” стануваат првиот професионален тим од САД кој се враќа во тренажен процес по избивањето на епидемијата.

Властите во Тексас, последната седмица, драстично ги намалија рестрективните мерки кои беа во сила наложени од вирусот. За очекување е останатите тимови од најголемата Америчка држава, во брзо време да го сторат истото. Се работи за тимовите на Далас Маверикс и Сан Антонио Спарс. Остатокот од тимовите ширум најсилната лига во Светот, најавуваат дека нивни таргетиран датум за отварање на тренинг центрите е 25 Мај, односно следниот Понеделник.

Сепак, има дополнителни интересни детали околу овој потег на управата на Хјустон. Тренинзите нема да бидат задолжителни се до официјализирањето на истата одлука од сопствениците на сите 30 NBA тимови, а потоа и потврдено од унијата на професионалните играчи. Секој играч до тогаш, ке има право да одлучи дали ке биде дел од тренажниот процес на својот тим, кој ке биде под силен мониторинг на лигата. Исто така како се наведува дека, на почеток, единствено четворица играчи би можеле да бидат на теренот во исто време. Пред било кој кошаркар да почне со темпирање на формата, ке помине низ медицински тестови. Тренерите на тимот ке бидат во контакт со играчите, но за почеток преку видео повици како и конференциски стримови.

Во моментот на запирање на првенството, Хјустон се наоѓаше на петото место на табелата во Западната конференција со биланс од 40 победи и 24 порази. Да се надеваме дека набрзо повторно ке уживаме во оваа магична игра.

NBA FAN 

Димитар Младеновски