NBA колумна на Димитар Младеновски – Рекордна вечер на Anthony Davis (ВИДЕО)

1133

Los Angeles Lakers ја оствари својата 16 победа сезонава. Во тежок натпревар на гостински терен риумфираа со 110-114. Со новата победа “езерџиите” се на врвот од NBA лигата со скор 16-2. Ваков скор тимот од градот на ангелите немал 11 години, односно од сезоната 2008/2009 кога за последен пат станаа шампиони.

Во синоќашниот двобој помеѓу Lakers и Pelicans, главната улога му припадна на Anthony Davis. За одличниот центар ова беше прво гостување против клубот чии бои ги бранеше до ланската сезона. Од навивачите во New Orleans беше дочекан со свирежи, но тоа само го мотивираше да одигра извонреден меч. “Тhe Brow” го заврши натпреварот со 41 поен, нов NBA рекорд за кошаркар во прв натпревар против поранешен клуб. LeBron James реализираше 29 поени и 11 асистенции, со што “кралот“ ја надмина границата од 33.000 постигнати поени во кариерата.

NBA FAN

Димитар Младеновски