“Лејкерси” не губат време и сериозно работат на засилување на ростерот.Откако во текот на вчерашниот ден стигнаа информации за евентуалниот премин на ДеМар ДеРозан во шампионот, веќе денеска од кампот на “езерџиите” стигнаа нови исклучително интересни информации.
Една од најдобрите резерви во NBA, германскиот репрезентативец, Денис Шродер е на чекор до “златно/пурпурниот” дрес. За него речиси со сигурност на Оклахома Сити ке и биде подарен 28-от пик на наредниот драфт. Голема веројатност е дека во спротивен правец би можел да заврши и Дени Грин.
Уште едно изненадување претставуваше информацијата дека управата на “Ел-Еј” веќе стапила во контакт со 12 годишниот NBA ветеран, Весли Метјус. “Вес” e одличен шутер но и повеќе од солиден одбранбен играч штo го прави примамлив за сите конкуренти на тронот. Лани со успех настапуваше во тимот на Милвоки Бакс.
Со оглед на тоа дека официјализацијата на трансфери неможе да биде порано од 20-ти месецов, останува да видиме што ке следува во наредниве денови. Едно е сигурно, шампионот не губи многу време да се врати уште посилен.
NBA FAN
Димитар Младеновски