NBA колумна на Димитар Младеновски-Шампионски старт на Лејкерси

1639

Лејкерси испратија силна порака во првиот меч од големото финале. Тимот од Лос Анџелес доминираше во текот на целиот натпревар и на крајот извојува триумф со конечни 116-98 поведувајќи со 1:0 во победи.“Езерџиите” во еден момент имаа и неверојатна предност од 32 поени. Балансираниот напад и речиси безгрешната тимска хемија на тимот вроди со резултат.

Прв стрелец кај Лејкерси беше Ентони Дејвис со 34 поени, следен од “all around” партија на ЛеБрон Џејмс сочинета од 26 поени, 13 скокови и 9 асистенции. Лејкерс-и профитираа од успешната партија од двоецот бекови, Кантевиус Калдвел-Поуп и Дени Грин кој заедно постигнаа вкупно 24 поени кај победничкиот состав.Освен поразот тимот на Мајами се соочува со големи проблеми. Речиси сигурно е дека “жешките” го загубија Горан Драгич поради повреда на стапалото, а и нивниот “all star” центар Бем Адебајо предвреме го напушти мечот поради незгоден удар и е неизвесен за следниот дуел. Левото рамо кое го мачеше Бем (уште во претходната серија против Бостон Селтикс) сега повторно му прави проблеми.Лејкерси го зададоа првиот удар. Исклучително моќен и со силна порака за противникот од Флорида. Ветувањето на “кралот” дека во чест на легендарниот Коби Брајант, ке направи се што е можно да му донесе титула на “градот на ангелите” го акцентираше уште пред стартот на големото финале. Следниот меч е Сабота наутро, во 3:00 часот по полноќ.

NBA FAN

Димитар Младеновски