NBA колумна на Димитар Младеновски-“Сонцата” од Феникс (ВИДЕО)

1413

Продолжуваме со претставување на најдобрите тимови од 90-тите. Пишувавме за тимот на Феникс Санс од сезоната 1992/1993 година. Исклучително талентиран состав кој за влакно не успеа да дојде до најпосакуваната цел. До денес токму ова првенство беше најуспешно на резултатски план во тимската историја, без да биде освоен шампионскиот трофеј.

NBA колумна на Димитар Младеновски-Феникс Санс (1992-1993)

Следува видео во кое на дело е атомско брзата кошарка која се играше во Аризона. “Долината на сонцето” имаше ростер кој иако претрпуваше промени во текот на декадата, речиси секогаш поседуваше силен состав со квалитетни играчи, долга клупа и интересни (но корисни) “епизодисти”.  Стилот на ”санси” во тоа време беше подготовка за успесите во новиот милениум. Интересно е што пред речиси 30 години, Феникс поседуваше атипично слична игра како во денешната кошарка, која неминовно би резултирала со голем успех. Уживајте…

NBA FAN

Димитар Младеновски