Тимот на Мајами Хит е само на една победа од повторен пласман во големото NBA финале. Синоќа го победија Бостон Селтикс со 112:109 и на тој начин стигна до вкупни 3:1 во финалната конференциска серија. Во натпревар во кој имаа констатно водство во текот на речиси целиот меч, тимот од Флорида успеа да реализира четири исклучително важни офанзивни акции, особено во последната четвртина.
Најдобар поединец беше фантастичниот дебитант, Тајлер Хероу кој постигна 37 поени. Хируршки прецизен и нереално ефикасен. Погоди 14 од 21 упатен удар кон противничкиот кош. Со ова достигнување, шутерот родум од Милвоки, го урна рекордот на (легендарниот) Двејн Вејд со најмногу постигнати поени на еден playoff натпревар, како “руки” играч.Балансираниот напад на “жешките” беше клучен за овој триумф. По Хироу со своите 37, Џими Батлер додаде свои 24 поени, следен од Горан Драгич со 22, и центарот Бем Адебајо 20 постигнати коша.
NBA FAN
Димитар Младеновски